Бесплатни обуки за вовед во вештачка интелигенција CertNexus AIBIZ – Artificial Intelligence for
business и Microsoft AI fundamentals – AI900
24 јуни, 2021 г.
сертификати:

Цели на проектот

Семос Едукација и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат проект за едукација на младите во поглед на зголемувањето на свеста за бенефитите од користењето на вештачката интелигенција во секојдневното живеење и работење.

  • Даваме можност на голем број млади луѓе бесплатно да ги слушаат обуките CertNexus AIBIZ – Artificial Intelligence for business и Microsoft AI fundamentals – AI900;
  • Барем 300 од нив да се здобијат со светски признаени дипломи, Artificial Intelligence for business и AI – 900: Microsoft Azure AI Fundamentals;
  • Со овој подвиг ја поставуваме нашата држава на мапата на земји кои креираат масовно знаење и свест за овој тип на технологии
  • Времетраење 12 часа
  • Цена Бесплатно
  • Датуми 24 јуни, 30 јуни,
    1 јули - 2021 г.
  • Време 18:00 - 22:00

Дечки за пример

Зошто да се пријавам?

  • Можност за стекнување дипломи По слушањето на двете обуки и добивањето на дипломи за ислушаните обуки, имате можност да полагате и да се здобиете со следниве дипломи: CertNexus Artificial Intelligence for business и Microsoft AI fundamentals – AI900.
  • Работа на реални проекти Најдобрите слушатели ќе имаат можност да работат на реални проекти.
  • Можност за осознавање на реална вештина Kако се применува оваа технологија и како да заштедите време, енергија и ресурси во својот бизнис и во секојдневното живеење.
Митови во врска со вештачката интелигенција...

Во минатото, популарно беше мислењето дека вештачката интелигенција е домен на научна фантастика или дел од некоја многу далечна иднина. Денес, ваквото мислење значително се промени. Насекаде во светот луѓето и организациите покажуваат сѐ поголем интерес за вештачката интелигенција, откако се уверија во придобивките од нејзината примена во секојдневното живеење и работење.

Вештачката интелигенција и машинското учење станаа суштински дел од групата алатки што ги користат многу организации. Кога овие алатки се користат ефективно, тие овозможуваат практичен увид во разни сегменти од организациите што е значително важно во процесот на донесувањето на круцијални одлуки.

Примената на вештачката интелигенција во секојдневното работење им помага на организациите да заштедат време, ресурси и енергија преку автоматизација на рутински процеси. Исто така, вештачката интелигенција им овозможува на организациите да создаваат возбудливи, нови и иновативни производи и услуги. Кај нас, за вештачката интелигенција се знае многу малку, а таа нуди толку многу.

Содржина на обуките

Начин на спроведување на обуката

Наставата ќе се одржува на онлајн принцип, каде што голема група на слушатели во ист момент ќе ги посетува предавањата. Слушателите ќе имаат можност да ги следат предавањата без директна интеракција со предавачот. Предавањата ќе бидат спроведени од страна на двајца предавачи, при што главниот предавач ќе ја предава материјата, а вториот предавач ќе ги одговара прашањата поставувани од страна на слушателите.

Секој од слушателите ќе има можност да постави прашања во врска со материјата преку chat секцијата на Microsoft Teams.

За кого е наменет курсот

CertNexus AIBiz e примарно наменет за сите оние слушатели кои сакаат да ги научат основните концепти на вештачката интелигенција (AI) и нејзината примена во бизнисот.

Microsoft Azure AI Fundamentals AI-900 e дизајниран за секој слушател кој е заинтересиран да ги научи типовите на решенија кои вешатачката интелигенција (AI) ги прави возможни, и сервисите на МS Azure што може да се користат при изработка на овие решенија.

Потребни предзнаења

Не се потребни претходни предзнаења за посета на овие два курсеви, освен неопходното знаење за работа со компјутер и користење на интернет. Некои од концептите кои ќе бидат претставени на овој курс, ќе бараат познавање на математика. Познавање на базични принципи на програмирање не се неопходни, но може да допринесат за полесно совладување на материјата.

Материјали за слушателите

Секој слушател кој ќе бележи учество на сите три предавања ќе ги добие следните материјали:

  1. Официјален пакет CertNexus AIBIZ Student Digital Course Bundle кој содржи електронска книга и ваучер за испит ќе го добијат целосно бесплатно оние кои што ќе ја слушаат обуката во целост во текот на сите три термини, во периодот од 12 часа.
  2. Официјалнa книга Microsoft Azure AI-900 во електронска форма ќе ја добијат целосно бесплатно оние кои што ќе ја слушаат обуката во целост во текот на сите три термини, во периодот од 12 часа.

Доколку бројот на слушатели кои што целосно ќе ги проследат обуките ќе биде поголем од 500, сите слушатели ќе добијат практичен тест и само најдобрите 500 од нив ќе имаат право да се здобијат со ваучери за полагање на официјален испит Microsoft Azure AI Fundamentals AI – 900.

Сите дополнителни информации околу полагањата ќе ги добиете откако ќе ја ислушате обуката во целост..


По положување на двата испити, слушателите се здобиваат со светски признати дипломи во електронска форма, како и со електронски беџови

Кој може да се пријави

Овие обуки се дизајниран за сите слушатели коишто имаат желба да дознаат што значи вештачка интелигенција и кои се придобивките од нејзинта примена во секојдевното живеење и работење. Се охрабруваат сите млади луѓе да аплицираат и да бидат сертифицирани со светски признаена диплома добивајќи можност за практична примена на наученото.

Поврзани работни позиции

Што понатаму?

Дали можеби си го поставуваш прашањето во врска со твојот професионален напредок и насоката во која би се движел откако ќе ги завршиш обуките за CertNexus AIBIZ – Artificial Intelligence for business и Microsoft AI fundamentals – AI900Д и ќе се здобиеш со соодветните сертификати?

Доколку имаш желба да продолжиш по оваа кариерна патека, следен чекор е да продолжиш со твојата едукација и да донесеш одлука за избор од овие понуди:

*Доколку ти треба професионален совет во поглед на изборот и насоката во однос на твоите барања и кариерна цел можеш да се советуваш со професионалниот тим на Семос Едукација на тел.078/766-623, Бисерка Шемовска.

Не ја пропуштај оваа можност!
Пријави се на овие бесплатни обуки

аплицирај сега

Партнери

Поврзани вести